Внукот на Ферус Мустафов: „Дедо ми се наоѓа во болница и се бори за својот живот.“

380

Македонскиот легендарен кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов е хоспитализиран и се бори за живот, ова на социјалните мрежи го објави неговиот внук Ферчо Мустафов.

Имено, статусот на Ферчо на Фејсбук се појави како демант на веста дека неговиот дедо наводно починал, пишувајќи дека тој не е починат туку дека точна е информацијата дека тој се наоѓа во болница и се бори за живот.

Статусот на Ферчо Мустафов ви го пренесуваме во целост:

„До сите мои пријатели и колеги.

Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат.

Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот.

Да се помолиме за негово здравје!

Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието“.

Да ве потсетиме, Ферус Мусафов е роден во Штип на 20 декември 1950 година, а неговата богата и професионална кариера започнала уште од рана возраст, односно на седум години, додека студирал виолина и кларинет во локалната музикча академија.

Ферус е една од живите легенди на македонската музичка сцена, а му посакуваме добро здравје и брзо закрепнување!