Нико Ковач според последните информации е пред отказ од Баерн Минхен, незадоволството во клубот од Минхен ја прели чашата со ремието против Фортуна (3:3).
Баерн беше пред сигурна победа, но повторно се случи пад во играта, што резултираше со два гола на гостите во последните 20 минути, со кои освоија бод.
Се верува дека соблекувалната е поделена, дека постарите играчи се за отказ на Ковач, додека голманот на клубот, Мануел Нојер, даде доста интересна изјава.
„Да го имплементиравме тоа што Нико ни го зборува, ќе победевме со 5:0“, порача Нојер и уште повеќе ја остави јавноста и фановите во неизвесност околу улогата на тренерот Ковач.
По овој кикс, Баерн е в0 минусни девет бодови во однос на лидерот Борусија Дортмунд.