Во Барселона особено се плашат од еден ракометар на Вардар: Тој е незадржлив

786

Од екипата на Барселона пред полуфиналето со Вардар во рамки на завршниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите во Келн, истакнаа дека не го потценуваат нашиот тим и притоа не сметаат дека се фаворити.

Искусниот Раул Ентрериос вели дека Вардар е мошне опасна екипа и потенцираше еден ракометар.

„Од екипите кои ќе настапат на завршниот турнир, Вардар е „нагазната мина“, која секој би сакал да ја избегне. Има одлична екипа, има незадржлив ракометар во Кристопанс и комплетна одбрана со која ги решава натпреварите. Убеден сум дека ќе биде исклучително тешко“, изјави Ентрериос и додаде:

„Не мислам дека сме фаворити. Вистина е дека играме во одлична форма, но Ф4 турнирот е посебно натпреварување. Во Келн нема изразит фаворит. Луѓето очекуваат титула во Лигата на шампионите, но шансите против Вардар се 50-50“.