Во Белград од сабота се враќа животот по старо

573

Кризниот штаб на Србија за борба против коронавирусот на утрешната седница треба да донесе нови мерки со кои се тргнуваат од сила огранилувањата за работа на угостителските објекти.

Затворените делови од рестораните и кафулињата, како што дознаваат медиумите, ќе бидат отворени во сабота, на 8 мај.

Кризниот штаб наводно се решил на ваков потег затоа што бројките на новозаразени паѓаат.

Да потсетиме, утрово претседателот Вучиќ побара од Кризниот штаб да ја разгледа одлуката за отворање на рестораните.

Се надевам дека Кризниот штаб ќе го почитува и тоа и дека ќе можеме да отвориме рестораните од петок, а не само тие што имаат летни бавчи. Па да видиме, рече Вучиќ за ТВ Пинк.

Тој додаде дека се надева дека ситуацијата дополнително ќе се подобри и дека свадбите во Србија ќе бидат можни од јуни или јули.