Во целата бура и контроверза, се јави „искрениот“ Љоренте за ситуацијата со раката

989

По драматичната вечер на Итихад и големите контроверзии кои ги имаше на овој меч, се јави и Љоренте, играчот кој постигна гол, во ситуација каде имаше и играње со рака, но голот беше признат.

По видео надзорот за време на мечот, судијата Чунајт Чакир го превиде моментот од друг агол дека Љоренте играл со рака па голот го призна.

Но по мечот се јави и Љоренте, кој беше искрен, призна дека имало рака, но дека сепак на крајот тоа е гол.

Чувствувам дека топката ме удри по рака, но раката беше блиску до топката. Не се обидував да ја удрам топката со рака и мислам дека тоа мораше да биде гол, но никогаш не знаете што ќе се случи во тие моменти“.

„Ова е неверојатна моќ, еден од најубавите моменти во мојата кариера. Освоив СП и ЕП, Лига Европа, национални титули, но ова е историски момент, прв пат ќе бидам во полуфинале од ЛШ“, констатира Љоренте.