Во делови од Македонија почувствуван земјотрес

584

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4.0, бил почувствуван во делови од државава синоќа околу и 3 часот и 29 минути по полноќ, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Од таму посочуваат дека земјотресот чиј епицентар се наоѓал во Албанија, 145 километри југозападно од Скопје, бил особено почувствуван во југозападните делови на Македонија со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.