Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска во телевизиско обраќање до нацијата објави дека од сабота до крајот на ноември ќе биде воведе карантин на територијата на целата земја, со цел да се намали ширењето на коронавирусот.
-Експоненцијалното зголемување на случаите ме принудува да преземам нешто посериозно. Не можам да преземам одговорност за загрозување на човечки животи, рече Мицотакис.
Тој додаде дека неговата одлука ја носи врз основа на научни податоци, за кои како што рече се се неспорни, а во обраќањето појасни дека карантинмот ќе биде сличен како што беше оној во март и во април, но со извесна разлика.
-Супермаркетите и аптеките остануваат отворени, но секој од граѓаните кои има намера да излезе од дома ќе мора да испратин СМС порака со што ќе ја објасни причината за излегување од дома.
Исто така, како што истракна грчкиот премиер, во споредба со карантинот во март е тоа што сега градинките, основните училишта, како и училиштата за дефектологија, на сите нивоа, ќе останат отворени. Затворени остануваат средните училишта, а употребата на маска е задолжителна за секаде и на отворено.
Одлуката следи по рекордниот број нови инфекции во последните неколку недели. Националната организација за јавно здравје во Грција вчера регистрираше 2.646 нови случаи.