ВО ГРЦИЈА НЕМА ПАТУВАЊЕ ДО 15.СЕПТЕМВРИ: Властите ја продолжија забраната за влез

623

Грчките власти донесоа повторно одлука за забрана на влез на граѓаните од Македонија поради состојбата со корона вирусот во земјава.

Ова е всушност уште едно продолжување на забраната за влез во Грција, односно прекинот на премин на копнените граници истекува задутре на 31.август, по што на редовната прес конференција во грчкото Министерство за здравство, заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардаљас соопшти дека има ново продолжување од две недели. Тоа значи дека до 15.септември се забранува влез за граѓаните од земјава во Грција.

Исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.