Во ГТЦ се издава дуќан без кирија

900

На социјалните мрежи се споделува оглас во кој се бара кираџија за дуќан во Градскиот трговски центар во Скопје без да плати кирија. Иако изгледа нереално и необично, овој оглас е вистински.

Република стапи во контат со лицето чии телефон се наоѓа на огласот. Дуќанот е слободен неколку месеци, откако пропаднал бизнисот на претходните кираџии.

Сопственикот вели дека се изнадавал пари за одржување, а сега бара некој само да му го плаќа одржувањето кон ГТЦ АД кое месечно изнесува 12 илјади денари.

Дека една земја е пред голема финансиска криза обично покажуваат нештата кои се обратно пропорционални на секаква економска логика.