Германските Кардашијан, како што ги нарекуваат многумина, односно семејството Геис стигнало во Новиград на својата луксузна јахта.
Германското семејство кое што се прослави во ријалити шоуто „Die Geissens – Eine schrecklich glamouröse Familie“, ги привлекло погледите на жителите на Новиград на својата јахта „Indigo Star I“.
Освен што уживале пловејќи на јахтата тие го посетиле и Велебит. По планинскиот излет се вратиле на својата јахта.
Геис и на социјалната мрежа Инстаграм се пофалиле со сцените од Хрватска, а снимиле и како прават скара. Пред да стигнат во Хрватска биле и во Венеција.
Популарното ријлити кое што многумина го споредуваат со „Keeping Up With The Kardashians“ ја следи приказната на Роберт и Кармен и нивните ќерки, како уживаат во нивниот начин на живот, патувања во светот, а истото се емитува од 2011-та година.
Нето вредноста на Роберт Геис се проценува на 2.5 милиони евра.