Познато е дека популарниот холивудски актер Џорџ Клуни е голем љубител на мотори.
Иако ова лето доживеа сообраќајна несреќа со моторот во Италија, актерот не се откажува од брзо возење.
Сепак, неговата сопруга Амал по долго време успеала да го убеди Џорџ да се ослободи од своето „милениче“, за кого го врзуваат незаборавни спомени. Блиски извори на семејството тврдат дека Амал е загрижена секогаш кога Клуни ќе седне на мотор, особено откако ги добиле близнаците Ела и Александар.
За да ѝ удоволи на сопругата, поради мир во домот, славниот актер одлучил да го продаде моторот. Го ставил на аукција, со почетна цена од 25.000 долари. Новиот сопственик, со моторот ќе добие и автограм, а Клуни парите ќе ги даде во добротворни цели.