Во изминатово деноноќие рекордни 177 позитивни на Ковид-19, во Скопје 105!

927

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa.

Истовремено, 8 пациенти се излекувани, а починаа две лица позитивни на Ковид-19. Еден од Скопје и еден од Куманово.

Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2.787, а на починати 149.

Распореден по градови бројот на новозаболени е следен:

Скопје – 105

Куманово – 26

Штип – 15

Тетово – 13

Гостивар – 8

Гевгелија – 2

Дебар – 1

Струга – 1

Велес -1

Битола – 1

Охрид – 1

Валандово – 1

Св. Николе – 1

Неготино – 1

Инаку, во земјава досега има активни 1009 случаи!