Во јануари паѓат сите рекорди: Мбапе прави спектакуларен трансфер во Англија

1079

Британски „Сан“ како ексклузива вест, пишува дека Пеп Гвардиола е подготвен да испрати рекордна понуда за Килиан Мбапе.

Таман кога помисливме дека Сити малку се смири и дека нема намера да доведува богати засилувања оваа сезона, стигнува веста дека „Граѓаните“ во јануари ќе испратат неверојатна понуда адресирана до ПСЖ.

Парижани се рекордери кога станува збор за трансферите, но на „Етихад“ навоедно се подготвени да ги срушат рекордите и за Мбапе во јануари би платиле 198 милиони фунит, додека годишно младиот Французин би заработувал 20 милиони фунти.