Во Кабул со боја се прекриваат сликите на жени на зградите (ФОТО)

1267

Шефот на авганистанската новинска служба Толо њуз, Лофтулах Наџафизада, објави фотографија од маж кој со боја ги прекрива сликите на жени на ѕид во Кабул.

Младите жени во градот молеа за помош во последните денови додека талибанците напредуваа кон престолнината.

Пред 2002 година, кога талибанците го контролираа Авганистан, милитантите спроведуваа верзија на шеријатскиот закон кој вклучуваше каменување за прељуби, ампутација на екстремитети за кражба и спречување на девојчињата да одат во училиште по наполнети 12 години.

Еден талибански лидер кажа дека „судовите ќе одлучуваат“ дали повторно ќе се изрекуваат вакви казни.

Извештаите од областите кои талибанците ги освоија во последните недели укажуваат дека на жените не им е дозволено да излегуваат од дома без придружба на маж и дека на некои вработени им било кажано дека нивната работа сега ќе ја вршат мажи.

На жените во тие области им било наложено и да носат бурки.