Во Македонија пристигнува војник од Африка во тешка состојба, не се знае кој сој на коронавирус го има

574

Македонски војник сместен во база во Африка ќе пристигне на лекување во Македонија поради неможност да биде лекуван во воената база, објави „Фокус“, а потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека доаѓа ваков пациент со посебен транспорт од Африка.

– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, изјавил Филипче за „Фокус“.