Во Москва ќе се спроведат три фази на клинички тестирања на назална форма на вакцината против коронавирус „Спутник V“ во вид на капки за нос. Ова го соопшти градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин, истакнувајќи дека денес се во тек истражувања на нови начини на заштита од COVID-19, пренесува „Комсомолскаја Правда“.
„Од стручњаците е разработена назална форма на „Спутник V“ која формира имунитет во зоната на назофаринксот… Сите три фази на клиничките тестирања исто така се планира да се спроведат во Москва“, напиша градоначалникот на својот блог.
Како што истакна Собјанин, наведениот препарат нема да ја замени целосната вакцинација, меѓутоа може да биде полезен како дополнителна форма на заштита. Според него, понатаму се планира сериско производство.
Претходно Собјанин соопшти за почетокот на меѓународните клинички тестирања на новата руска вакцина против коронавирусна инфекција „Спутник Лајт“, во која ќе земат учество 6 илјади луѓе. Рускиот дел од тестирањата ќе се одржи во десет градски поликлиники во Москва и почна во четвртокот, 18 февруари.