Четири македонски семејства биле ограбени за време на нивното летување во вила Ангелика во Неа Врасна во Грција.
Настанот се случил додека сите спиеле, околу четири часот наутро, а им биле одземени само парични средства. Помеѓу ограбените туристи е и музичарот Живко Динев од Струмица, познат како поранешен бас гитарист и вокал на ,,Браво бенд’’. Тој и неговата сопруга Ана останале без 600 евра, и вознемирено раскажаа за настанот.
-Во вилата бевме сместени во сопствена режија, односно не дојдовме преку некоја агенција, ниту пак имаме склучено некаков договор. Наши пријатели беа на летување во друга вила, во соседството, и тие ни резервираа соба во Ангелика. Кражбата многу не вознемири, посебно поради начинот на кој се случи.
Ние спиевме со заклучена врата. Значи, во сите четири соби во вилата крадците оперирале на ист начин. Во разговор со полицијата дознавме дека ни прснале некаков спреј под вратата, некое средство кое што прави да паднеш во длабок сон, па затоа сите уште поцврсто сме заспале и не почувствувавме кога влегле.
*Динев објави фотографија на својот профил ноќта пред кражбата