Во нуклеарната војна нема победник и затоа е неприфатлива: Лавров ја потсетува Америка да ја усвои пораката за неприфатливост

708

Русија и САД би требало да усвојат соопштение на највисоко ниво дека нуклеарната војна е неприфатлива, изјавил денес рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Отворајќи го состанокот со Ернесто Мониз, извршен директор на Иницијативата за нуклеарна закана и поранешен американски министер за енергетика, Лавров нагласил дека новото работно место на американскиот политичар не е помалку важно од неговата претходна работа, пренесува “TASS”.

Лавров ја пофалил статијата која Мониз ја напишал заедно со поранешниот сенатор на САД, Сем Нан, велејќи дека пораката за неприфатливост на нуклеарна војна е многу важна.

Рускиот дипломат, исто така ја опишал ситуацијата околу Заедничкиот сеопфатен план за акција околу иранската нуклеарна програма како многу тензична.

“Треба да знаете дека им понудивме на американските колеги да го повторат тоа што го правевме во неколку наврати – да издадат соопштение на највисоко ниво дека не може да има победа во нуклеарна војна и со самото тоа дека таа е неприфатлива”, рекол Лавров.

Мониз од своја страна нагласил дека таквата руско-американска изјава на највисоко ниво би била клучна за меѓународната заедница.