Рок бендот “Six60” го одржал првиот концерт во светот откако минатата година била прогласена пандемијата на коронавирусот, и тоа за 50.000 луѓе, ,кои не морале да почитуваат ниедна епидемиолошка мерка, бидејќи ширењето на заразата на Нов Зеланд е ставено под целосна контрола.
Нов Зеланд стана првата земја на светот која дозволи одржување на концерт за 50.000 луѓе и тоа без почитување на епидемиолошките мерки како држење дистанца и носење маски, иако на пандемијата на коронавирусот не и се гледа крајот.
WORLD'S BIGGEST LIVE ACT? In New Zealand, where social distancing isn't needed, the band @Six60 have been playing to huge crowds on tour and are preparing to perform the first ever show at All Blacks' stadium, Eden Park. pic.twitter.com/dkiXVwNcVZ
— AP Entertainment (@APEntertainment) April 23, 2021
Причина за тоа е фактот што таа островска држава уште одамна го стави под контрола ширењето на Ковид-19, а во прилог на тоа оди и податокот дека минатата година во август оваа држава прогласи 100 дена без ниеден новозаразен. Оттогаш се појавуваа само повремени бранови на инфекцијата, но успешната стратегија на вакцинација дополнително го спречи ширењето на вирусот. Првиот масовен настан во целиот свет, откако минатата година беше прогласена пандемија на планетарно ниво, бил одржан во Оукленд и тоа на стадионот Еден Парк.

Честа да стане првиот бенд кој настапил на таа територија во овие специфични околности ја добил “Six60”. “Што има, Нов Зеланд? Конечно сме тука”, се обратил на насобраните фронтменот на групата Матиу Волтерс, воодушевен од можноста повторно да настапува пред публика.
“Тешко ми е да го опишам ова чувство. Сите имаме трема како да не сме настапувале никогаш”, рекол тој непосредно пред концертот.
Инаку, многу Новозеланѓани го слушале концертот од терасите на околните згради, нагласувајќи дека е прекрасно чувството.

