Дете избегнало сигурна смрт откако паднало на шините на железничката станица во Индија во момент кога возот се приближувал со голема брзина, а се благодарение на јуначкиот подвиг на еден од вработените.
На снимките на “CCTV” се гледа дете додека шета со маж по платформата, за во еден момент да се доближи до работ на пругата за да види кој воз доаѓа.
Само неколку секунди подоцна, детето паѓа од перонот на железничката станица на пругата.
Мажот кој бил со детето останал замрзнат од шок, подавајќи му рака, но без да приближи во обид да го спаси.
За среќа, еден од вработените бил во близина и видел што се случува, па тргнал во акција за спасување без да почека ни секунда. На снимката се гледа како притрчува кон детето и во последна секунда го крева на платформата, а и самиот успева да се спаси.
Инцидентот кој за среќа минал без жртви се случил на 17-ти април. Се било снимено од надзорните камери, а видеото веднаш станало вирално.