Во серијата „Игра на тронови“ немаа среќа, но затоа во вистинскиот живот ќе станат родители!

837

Глумците од популарната серија „Игра на тронови“ можат да се пофалат со својот совршен љубовен однос.

Џон Сноу, како херој во серијата „Игра на тронови“, се соочи со „белите шетачи“, се заљуби, се врати назад од мртвите, а во вистинскиот живот, како Кит Харингтон, самиот актер вели дека е спремен да постане татко.

– Најважната работа во животот наскоро ќе ми се исполни. Мислам, не баш најважната. Се надевам дека ќе станам татко- рече Харингтон во интерјвуто за „InStyle“ и додаде дека конечно е спремен за тој чекор во неговиот живот.

Харингтон е оженет со глумицата Роус Лесли, со која се запознале на снимањето на серијата. Да ве потсетиме дека таа во серијата ја играше улогата на Игрит, во втората сезона. Во серијата, нивната љубовна врска немаше среќан крај, но затоа во нивниот вистински живот до овој момент таа функционира одлично.

-Најлошата работа во тоа што се заљубив и оженив со Роуз е тоа што сега ќе биде многу потешко да работиме заедно. Да се работи со неа беше еден од најубавите моменти во мојата кариера. Не знам дали некогаш повторно ќе го работиме истото заедно затоа што сега сме во брак- рече Харингтон.

Пред три дена, премиерно, беше прикажана долго очекуваната прва епизода од финалната сезона на „Игра на тронови“ во која што Харингтон е една од најглавните ѕвезди.