Во Швајцарија се отвора првиот ресторан за голи гости

1869

Отсуството на закон со кој се забранува голотија во јавноста, доведува до некои прилично слободни, забавни и необични појави, како што е фестивалот во Цирих, каде голи актери настапуваат на преполните градски улици, пишува The Mind Unleashed.

Ресторанот, каде и клиентите и вработените ќе бидат без облека, треба да биде отворен до крајот на месецот во Базел, а сè уште не е решено дали вратарот кој ќе стои пред локалот, ќе биде со или без облека.

Гардероберот во овој уникатен објект ќе служи да ги задржи гостите многу подалеку од палтата и јакните – всушност, да ја соблечат целата облека во која влегуваат.

На оваа локација некогаш бил прв геј бар во Базел, отворен во 1974 година. Популарниот ресторан Elle et Lui го доживеал својот процут во 1990-тите, но на крајот ја изгуби популарноста и се затвори ова лето по пожар.

Новиот ресторан засега нема име, но неговиот сопственик, кој се претставил како Деиго, вели дека персоналот веќе работи и менито е веќе дизајнирано – виенскиот бифтек и салата од компири ќе бидат задолжителни.

Тој смета дека некои ќе го посетат од љубопитност за да доживеат како изгледа да се јаде во просторија полна со голи странци, додека други можеби тоа го сакаат затоа што уживаат во домашна кујна.

На оние што се срамежливи, Деиго им советува дека секогаш можат да ја остават долната облека.