Во Скопје вчера 11 сообраќајки, шест лица лесно повредени

846

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во осум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло и тројца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.

Од сообраќај биле исклучени вкупно осум возачи, од кои еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, шест возачи пред да се стекнат со право на управување, еден возач почетник, како и пет технички неисправни возила и пет нерегистрирани возила.

Затекнати биле 65 возила непрописно паркирани.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 57 возила.