Во среда почнува вакцинацијата, во тек се подготовките во модуларната болница

521
Упатство од 40 страница ќе биде водичот на тимовите кои ќе ја ставаат вакцината од Фајзер.

Упатството се подготвува и се очекува утре да е завршено. Во среда први здравствените работници ќе ја примаат вакцината од Фајзер. Според упатството важно ладниот ланец да е одржан во континуитет. Вакцината се вади неколку часа пред апликацијата, но според пртоколите еднаш извадена вакцина не смее да биде вратема назад.

4680 вакцинаи на Фајзер пристигнаа вчера во Македонија. Вакцината според барањата на произведувачот беа донесени како донација преку интервентен увоз. Во наредниот период се очекува да стигнат и наредните дози од Фајзер. До крајот на февруари како што најави премиерот Заев ќе пристигнат и кинеските вакцини. Од МАЛМЕД велат дека се подготвени за сите вакцини.

Во првата фаза ќе се вакцинираат докторите од ковид центрите како дел од првата фаза се и лицата постари од 70 години кои би требало да се вакцинираат со кинеските вакцини.