Во судир на возови во Анкара загинаа 7 лица, а 40 се повредени

887

Турски брз воз рано утринава удрил во надвозник откако се судрил со локален воз на железничката станица во Анкара, а во несреќата загинаа најмалку седум лица, известува турскиот CNN.

На снимките од местото на настанот може да се забележи како спасувачи од Брзата помош се обидуваат да спасат заробени луѓе од вагоните под металните рушевини на срушениот надвозник на железничката станица Марсандиз, на западот на Анкара.

Несреќата се случила околу 06:30 часот утринава по локално време, додека возот се движел од Анкара кон покраината Конја во централна Турција, известуваат медиумите.

Според изјавата на гувернерот на Анкара, несреќата на брзиот воз била предизвикана од судирот со локалниот воз.