Во тек е истрагата за исчезнатите луѓе на Хималаите: Спасувачите имаат лоши прогнози

727

Алпинистите се обидоа да го освојат вториот највисок врв во Индија. Индиските спасувачи велат дека шансите за пронаоѓање на осумте исчезнати алпинисти на Хималаите се многу мали.

Спасувачките служби трагаат по алпинистите кои исчезнаа во обидот да го освојат вториот највисок врв во Индија, пренесуваат од Би-би-си.

Два индиски воени хеликоптери ја пребаруваат планината, но експертите велат дека операцијата ќе биде прекината заради неповолни климатски услови.

Како што е изјавено, групата на алпинисти составена од четири Британци, двајца Американци, еден Австралијанец и еден Индиец, на 13-ти мај започале да се качуваат на Нанда Деви. Службите претходно соопштија дека се спасени 4-ца британски алпинисти кои не биле дел од претходно споменатата група, но биле во контакт со нив сè до 26-ти мај, само еден ден пред лавината на Нанда Деви.

Исчезнатата група ја водел искусниот алпинистички водич Мартин Моран чија компанија „Моран планина“ водела повеќе експедиции на Хималаите.