ВО ТЕКОТ НА НОЌТА НАТРУПА МНОГУ СНЕГ – на овие две планини вистинска зимска идила

1241

Изминатата ноќ буквално снег натрупа на највисоките места во земјава, а меѓу нив се и два скијачки центри во Македонија.

Снег утрово има на Попова Шапка, како и во Маврово.

Според видео камерите на „Skimacedonia“, снег во овие моменти има само на овие две места, додека за жал снег нема во Крушево, Нижо Поле, ниту Копанки во Битола.

Слаб снег има во Пониква, а УХМР најавува нови врнежи во текот на следните неколку дена.