Во живо: Министерот Венко Филипче со нови информации за состојбата со коронавирусот

810

Министерот за здравство, Венко Филипче во 15:00 часот ќе одржи прес-конференција во Владата на Република Македонија.

Филипче на прес-конференцијата се очекува да информира за состојбата со коронавирусот во Македонија и да одговори на новинарските прашања.

Да потсетиме, утринава министерот преку својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ информираше дека во последните 24 часа се регистрирани 29 новозаболени, со што бројката на заразени со коронавирус во земјава скокна на 114.