(Во живо) Москва на нозе, руската војска на улиците: Шојгу ги поздравува војниците, Црвениот плоштад ечи

1832

На Црвениот плоштад во Москва започна парадата по повод 74-годишнината од победата во Втората светска војна.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, пристигна на парадата, а по неговото доаѓање министерот за одбрана на Руската федерација Сергеј Шојгу, започна со поздравување на војниците.

“Ви го честитам Денот на победата! Ден на нашата гордост и тага”, изјави Путин, додавајќи дека победата над нацизмот зазема посебно место во руската историја.

Откако беше одржана минута молчење за жртвите од Втората светска војна, претседателот потсети на сите оние кои го дале животот за слободата на Русија и порача: “Слава на народот победник! Ви го честитам празникот! Ура”, а потоа започна воената парада која ја предводи генералот-полковник Олег Салјуков.

Во парадата учествуваат повеќе од 13 илјади војници.

Исто така ќе бидат претставени 132 технички единици, 74 авиони и хеликоптери, оклопни возила “Тигар”, транспортери BTR-82A и BTR-MDM и друго.

Низ Москва ќе бидат провозени и тенкови од третата генерација T-14 “Армата”, борбени возила за поддршка на тенковите BMPT “Терминатор” и ракетните системи “Јарс”.