Во живо од аеродром: слетување и пречек на Ципрас

1075

Грчкиот премиер во Скопје ќе слета во секој момент. Најавите се дека авионот со грчка делегација крилјата на скопскиот аеродром ќе ги спушти околу 9 часот.

Со бројни министри и бизнисмени, грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот колега Зоран Заев ќе разговараат пред сè за безбедносна и економска политика.

Ова е прва посета на еден грчки лидер на Скопје, а Ципрас ќе се сретне и со собранискиот спикер Талат Џафери.

Дел од медиумите во соседна Србија пишуваат дека Ципрас доаѓа во посета на поранешниот непријател.