Во грчкиот парламент започна гласањето за ратификација на Преспанскиот договор, по 35-часовната расправа која започна во средата.
Грчките пратеници, со прозивање, еден по еден ќе кажуваат дали се “за”, “против” или се “воздржани” за нацрт законот на Министерството за надворешни работи за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.
35-часовната дебата ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.
Гласањето на можете да го гледате во живо на приложениот линк: