Во живо: Почна уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“

1070

Кај ТЦ Мавровка, претпладнево почна уривањето на дивоградбата. Донесена е и градежна механизација, а локацијата ја обезбедува локалната полиција.

Уривањето на дивоградбата го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Инаку, Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница која што беше одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, да донесе одлука за ангажирање на потребната механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.