ВО ЖИВО: Пресуда за случајот „Насилство во Центар“

612

Пресудата во случајот „Насилство во Центар”, каде е обвинет поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески ќе биде изречена во Кривичниот суд во Скопје.

Обвинети во предметот, покрај Јанакиески се и поранешниот премиер Никола Груевски, Даниела Рангелова, Борче Богдановски, Милан Андоновски, Александар Трајковски и уште неколкумина. Според Обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.