Во живо следете го падот на кинеската ракета, за која не се знае каде ќе падне на Земјата

840

Белата куќа повика на „одговорно однесување во Вселената“ бидејќи остатоци од кинеска ракета, за кои се смета дека се надвор од контрола, се очекува да се срушат на Земјата ноќта помеѓу сабота и недела, по американско време.

Вселенската команда на САД ги следи остатоците од кинеската ракета „ЦЗ 5Б“, кои минатата недела го лансираа главниот модул на првата постојана вселенска станица на Кина во орбитата.

Приближно 30-метарска сцена би била меѓу најголемите парчиња вселенски остатоци што ќе паднат на Земјата.

Според последните информации на непрофитната, федерално финансирана компанија „Аероспејс Корп“, која го следи движењето на ракетата, се очекува остатоците да го погодат Пацификот во близина на Екваторот откако ќе поминат над источните американски градови.

Орбитата опфаќа дел од планетата од Нов Зеланд до Њуфаундленд, пишува Гардијан.

Во продолжение следете ja траекторијата на кинеската ракета која забрзано се приближува кон планетата Земја: