“Воините” го вратија ударот (ВИДЕО)

550

Голден Стејт Вориорс израмни на 1:1 во финалната серија против Бостон Селтикс.

Рано сабајлево, “воините” го покажаа сиот свој офанзивен арсенал и со фантастичната трета четвртина која ја добија со 35:14 извојуваа висока победа (107:88). Првото полувреме беше неизвесно и израмнето но во вториот дел домаќините покажаа зошто од многумина беа сметани за фаворити.

Стеф Кари беше водечки со 29 постигнати поени следен од Џордан Пул со 17 поени. На спротивната страна единствено Џејсон Тејтум беше на висината на задачата со 28 поени. Серијата се сели во Масачусец каде ќе се одиграат третиот и четвртиот натпревар.

NBA FAN
Димитар Младеновски