Александар Николоски, вечерва ги соопшти заклучоците донесени на состанокот на извршниот комитет.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го оценува референдумскиот процес како груб фалсификат со бројни нерегуларности евидентирани на самиот ден на гласање и повтори дека е поднесено барање за формирање на анкетна комисија во Собранието со цел разрешување на овие нерегуларности и лоцирање на одговорност.
Покрај ова, Николоски соопшти и дека доколку владеачкото мнозинство сака да оди на избори треба да е свесно дека истите ќе ги загуби а транзиционите политичари како Заев, Димитров и Шекеринска ќе бидат испратени во политичка пензија. Тој додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ ги формирало изборните штабови внатре во партијата. За претседател на републичкиот изборен штаб е назначен Генералниот секретар Игор Јанушев а за претседател на градскиот изборен штаб потпретседателот Владо Мисајловски.