Вооружена престрелка во Тетово, три лица повредени и пренесени на скопските клиникi

916

Три лица се повредени во престрелка во Тетово и поради сериозноста на повредите пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Двајца имале прострелни рани во абдоменот, а едниот поради тешките повреди на главата се наоѓа во кома центарот на Клиниката за неврохиругија.

Од Ургентиот центар за МИА изјавија дека двајцата со повреди на абдоменот се оперирани и се во стабилна состојба. Се наоѓаат на Одделот за интензивно лекување.

МВР засега не соопштува детали за случајот. Повеќе информации најавува за подоцна.

Се борат за живот, познат идентитетот на тројцата повредени во престрелката во Тетово

Со прострелни рани од пиштол се здобиле 37-годишниот С.К. и 36-годишниот С.К. а 49-годишниот М.А. има повреди на главата. Тројцата поради сериозноста на повредите се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски за МИА изјави дека веднаш по пријавата на терен се излезени екипа од СВР Тетово и од Јавното обвинителство и оти од местото на настанот подигнати се пиштол марка „зброевка“, рамка со осум куршуми и пет чаури. На местото на настанот пронајдено е и патничко возило „мерцедес“ со тетовски таблички.