Светот се наоѓа на чекор до нуклеарна војна, откако пакистанската војска соборила 2 индиски авиони, ден откако Индија го бомбардирала кампот за обука на исламските екстремисти кој се наоѓа во пакистанскиот дел на Кашмир.
Колку за споредба, Пакистан има 150 нуклеарни бомби, а Индија 140.
Ова не е прв пат Индија да бомбардира исламисти во Кашмир, но тоа претходно било во пограничниот дел, а сега првиот напад бил изведен во длабочината на пакистанската територија. Индија и Пакистан од 1947-ма, кога прогласиле независност од Велика Британија, воделе три војни, од кои две поради Кашмир.
Војни и провокации :
Октомври 1947-ма
– Првата војна меѓу Индија и Пакистан поради Кашмир, само два месеци по прогласувањето на независност.
Август 1965-та
– Нова војна на соседите околу Кашмир, провинцијата поделена меѓу двете земји.
Декември 1971-ва
– Индија го поддржува отцепувањето на источен Пакистан, избива војна, која завршува со основање на Бангладеш.
Мај 1999-та
– Пакистанската армија и екстремистите ги освојуваат индиските караули во планината Каргил, Индија одговара со бомбардирање.