Виртуелните градинки, училници и содржини не можат да го пружат чувството на припадност како што тоа можат да го направи физичкиот контакт
Покрај интересните дневни задачи, оваа воспитувачка ги има и овие девет совети за сите родители:
1. Останете поврзани. Јавете им се на луѓето што ви значат, допишувате се, споделете интересни содржини, рецепти.
2. Ако вие не се плашите, можеби вашите блиски се плашат. Не инсистирајте на гледање, пошегувајте се, но не исмејувајте ничиј страв.
3. Правете дневни распореди. Тоа е поважно за децата, но важно е и за вас.
4. Следете ги вестите еднаш, најмногу два пати дневно. Не се сите информации подеднакво важни, можат да ве збунат или да ви ја зголемат анксиозноста.
5. Обидете се со децата да споделувате директни контакти некое време. Виртуелните градинки, училници и содржини не можат да го дадат чувството на припадност како што тоа може да го направи физичкиот контакт.
6. Ако некому му кажете нешто лошо, ако бидете груби или непријатни, а сфатите дека сте претерале, кажете го тоа и извинете се.
7. Пушачи, не претерувајте со цигарите, вирусот ќе помине, но белите дробови остануваат. Гответе редовно за да водите сметка и за тоа што го јадете.
8. Сигурно ќе се скарате со партнерот, но не спомнувајте некои теми од минатото, сега живееме за овој момент и за иднината.
9. Не лутете се на себе за работите што не можете да ги промените и не го очекувајте од децата, партнерот и пријателите она што не можат да го исполнат.