Возач на автобус починал на превојот Стража

1458

Возач на автобус починал од неутврдени причини додека бил на пауза на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Според СВР Тетово синоќа на превојот„Стража“ починал Г.Д (37) од Скопје, возач на автобус „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици.

Според првичните наоди, откако Г.Д. со автобусот запрел за пауза на „Стража“, му се слошило и паднал во безсознание. Лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството.