Инспириран од она што секојдневно го гледа и чита, возач на во Брза помош од Србија се огласи на социјалните мрежи и ја пренесеме неговата реакција која беше и тоа како емотивна.
„Верувам сведоци сте многумина дека од ден на ден може низ улиците да видите се поголем број на амбулантнит возила, се слушаат сирени, а ротационите светла се се повеќе воочливи.
Не само докторите и другиот медицински персонал, туку и ние возачите сме преморени од она што се случува. Чисто за илустрација ќе ви кажам дека се случува во денот да носам пациенти до клиниките и по три пати, па минувам по 200-300 километри на ден.
Речиси нема ден, а кога сум на повик да не бидам дополнително повикан. Постојано се облекува внимателно, се соблекуваме, ги дезинфицираме возилата што дополнително чини време.
Јас оваа работа како возач во Брзата помош ја работам дестина години, може само да претпоставите низ се што сум поминал, се што сум видел и во што сум учествувал.
Искрен да бидам на почетокот кога почна да пристига вирусот кај нас и јас бев скептик дека тој навистина е толку моќен и опасен. Но откако и самиот се соочив, поточно видов пациенти кои го имаат и тоа како влезе стравот во мене.
Но ми требаа неколку дена да се соземам, па да продолжам нормално и максимално фокусирано да помагам на пациентите. Едноставно ни стана секојдневие, нормален работен ден и ништо посебно, ако сега ме прашате мене.
Луѓе но она за што се решеви да ви кажам, односно главната причина што ме натера да ви се обратам е моментот од пред некој ден. Вообичаено однесовме пациент, релативно млад, не ме држете за збор но мислам помеѓу 30-40 години беше.
По игра на случајноста имав можност да влезам на оделот каде што се лекуваат они со вирус, секако во полна заштитна опрема и имав што да видам, поточно да слушнам.
Уште на самиот влез она што ми остана во глава е звукот на боците, поточно кислородната поддршка, потоа паицент мониторите кои го имаат оној звук на тикање, потоа повиците за помош, тешкото дишење како да истрчале по 10 километри.
А во собата лежат безпомошни лица ги се борат за здив, некои ќе соберат сила и да повикнат по персоналот, други ќе викна или офнат од што и е тешко. Тоа се слики кои сум сигурен дека до крајот на мојот живот ќе ми останат пред очи. Едноставно нешто што не се заборава.