Возач на камион со македонски регистарски таблички загина во тешка несреќа во Бугарија

659

Возач на камион со македонски таблички загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“

Според информациите кои ги има Министерството за внатрешни работи на Бугарија, во околу 6:40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, при што едно лице загинало, пренесува “ТВ21”.

Камионот кој имал македонски регистарски таблички пренесувал санитарна опрема.

Според информациите кои доаѓаат од Бугарија, камионот со македонски таблички застанал на лентата за итни случаи на автопатот, а до несреќата дошло кога се обидел повторно да се приклучи во движење.

Запознаени за „Монитор“ коментираат дека починатиот возач е од Црна Гора.