Вознемирувачка снимка од девојката која што вереникот ја запалил жива: Убијте ме, не можам да издржам ваква болка…

866

24-годишниот Јевгениј Бандарук ја полеал со бензин и ја запалил 19-годишната Александра Кузмина – злосторство кое што ја шокираше цела Русија.

Александра успеала да го преживее хоророт, но таа е во тешка состојба и моментално е во вештачка кома, затоа што 80% од нејзиното тело е со тешки изгореници. Како што пренесуваат руските медиуми, кога стигнала брзата помош, таа во агонија само извикувала да ја убијат затоа што не можела да издржи таква болка.

На интернет набрзо се појави видео снимка направена во моментите кога пристигнува брзата помош, а на кое се гледа како девојката вреска и бара помош.

Александра и Јевгениј живееле под кирија во стан над бензинска пумпа на Јалта на Крим каде што работеле за време на туристичката сезона. Бруталниот напад се случил во станот откако вереникот Јевгениј пристигнал дома во алкохолизирана состојба, ја полеал спалната соба со бензин, а ја полеал и Александра.

Наводно тој бил бесен поради начинот на кој што Александра разговарала со друг маж. Олесија Кузмина, мајка на жртвата за локалните медиуми открила повеќе детали.

„Знам дека го кршел мебелот и полевал се со бензин, а потоа ја полеал и нејзе. Тогаш запалил се. Таа беше многу среќна, а тој уништи се. Никогаш нема да може да ја врати својата убавина“, наводно изјавила мајката за руските медиуми.

Напаѓачот и самиот се повредил, меѓутоа има полесни изгореници на кожата. Тој се здобил со изгореници на рацете и лицето, по што во придружба на полицијата бил одведен во болница. Сега ќе му се суди за обид за убиство, а доколку биде осуден, му се заканува затворска казна од 20 години.