Вознемирувачко видео: Грчката крајбрежна стража се обидува да потопи брод со мигранти па потоа пука во знак на предупредување

833

Грчката крајбрежна стража на сите начини се обидува да ги спречи мигрантите да пријдат до нивното крајбрежје па наводно и пукала кон бродот кој што бил полн со мигранти во Бодрум, покажува снимката која турските власти ја споделиле со медиумите.

Освен тоа, очигледно дека крајбрежната стража се обидува да го потопи и мигрантскиот чамец, а во еден момент се слушаат истрели.

Меѓутоа, вчера веќе се појави снимка која што не е во прилог на грчката полиција затоа што на неа се гледа застреланиот Сириец кој се обидува да ја премине границата.

Грчките власти се огласија по повод на таа снимка со известување дека истата е лажна и дека “медиумите не треба да наседнуваат на турската пропаганда“.

Како и да е, ситуацијата во секој случај дека е заострена на грчко-турската граница затоа што Анкара одлучи да ги пушти мигрантите без проблем да одат кон Европа.

Како што се наведува, во последните неколку денови најмалку 10.000 мигранти се обиделе да ја преминат границата со Грција.

Премиерот Киријакос Мицотакис тврди дека Грција одлучила со тоа да ја заштити својата граница и да ги предупреди мигрантите дека не треба да ја преминуваат границата.