Докторите во Наполи вчера соопштија дека ситуацијата во градските болници е на раб на колапс, како и во многу други делови ширум земјата.
Снимката од стариот маж, заболен од коронавирус кој што умира во тоалет во болницата во Наполи, се прошири со брзина на светлината во светот, а генералниот директор на болницата Џузепе Лондо, изјавил дека е жално вакви настани да бидат предмет на експлоатација.
Како што пренесува „ANSA“, мажот бил лечен од Ковид-19 во болницата Кардарељи, но причината за неговата смрт не е позната, а постојат сомнежи дека можеби човекот доживеал срцев удар.
Според сведочењата на изворите од болницата, некој влегол во тоалетот за да направи снимка, додека вработените не биле тука затоа што барале носилка за да го изнесат телото.
Napoli, ospedale Cardarelli, oggi…. pic.twitter.com/zrsAOLESYl
— goodkat (@7lo66) November 11, 2020