Во Албанија, работник со лопата удри свештеник по глава. Од ударот свештеникот паднал во несвест.
Свештеникот Кочо Капедани на возраст од 80 години од Лежа, Албанија, поднесе кривична пријава против работник од градежна фирма и против полицијата откако работникот физички ги нападна. Во виралното видео кое неколку дена се споделува на социјалните мрежи се гледа како по кавгата, работникот со лопата го удира свештеникот по главата. Свештеникот има сериозни повреди на десното око. Тој ја обвинува полицијата затоа што наместо да го казни насилникот, барала да му прости на напаѓачот.