ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Какво време нè очекува денес?

767

За последниот работен ден од неделава метеоролозите предвидуваат сончево време со мала до умерена облачност, а на некои делови во земјава попладне се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Дневните температури на воздухот за денешниот 19 јули ќе се движат од 23 до 33 степени целзиусови.

Во Скопје се очекува слично време, сонце со мала до умерена облачност, синоптичарите во главниот град денес не очекуваат дожд.

Максималните дневни температури ќе се искачат до 31 степен.