Врие во Јувентус, Алегри пред отказ, може да не го дочека крајот на сезоната

810

Елиминација од Атлетико Мадрид идната недела дефинитивно ќе значи отказ за тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Тамошниот весник Кориере дело спорт објави дека дошло до жесток конфликт меѓу него и претседателот на клубот Андреа Ањели. Алегри бил погоден од критиките од раководството по поразот од Атлетико, очекувал поддршка, но не ја добил и сега е во сериозни проблеми. Отказот може да го добие и пред крајот на сезоната иако Јувентус има 16 бода повеќе од Наполи и сигурна титула во Серија А, осма по ред и петта под водство на Алегри.

Познато е дека за него е заинтересиран Реал Мадрид кој го гледа како замена за Солари, но уште ништо не е сигурно.