Врската со Цеца Ражнатовиќ му донесе пари и слава – Богдан цвета после раскинувањето, сите сакаат да работат со него!

574

Пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ и Богдан Срејовиќ ставија точка на нивната емотивна врска по една година љубов, а тој сега на својот Инстаграм профил покажа како профитира по раскинувањето со најголемата балканска музичка ѕвезда.

Имено, Богдан Срејовиќ со денови го контактираат да рекламира одредени прозиводи на својот Инстаграм профил каде го следат 35.000 луѓе, а тој соработките со радост ги прифаќа.

Така и овој пат Богдан рекламираше еден производ, а цената за реклама варира од 150 евра до 400 евра ако се стави на стори, а ако се објави на ѕидот од профилот може да заработи и до 700 евра.

Како што пренесува српскиот Информер, Богдан се вратил да живее под како кирија во стан на Нов Белград.

Откако раскинаа, Богдан си ги спакува работите и се исели од куќата на Цеца. Изнајми стан кај Арената, во близина на ресторанот каде работи, открива добро информиран извор и додаде дека пејачката цело време криела дека започнала заеднички живот со помладото момче.