Вториот бран на коронавирус се шири низ Европа: Само четири земји не се „критични“

737

Само четири земји во Европа бележат бројки на заразени и починати од коронавирусот за кои експертите сметаат дека се под загрижувачкото ниво.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести “ECDC” смета дека е „граница“ седумдневен просек од 20 случаи на 100 илјади жители.

Експертите на “ECDC” велат дека се што е повеќе од тоа претставува голем „корона-ризик“, можноста од ширење на заразата е висока, а тоа меѓу другото и значи дека критичните категории на луѓе се загрозени.

Со така поставени параметри, само Германија со 18,4 заразени на 100 илјади жители, Финска со 15,5, Кипар со 14,6 и Норвешка со 13,9 не се наоѓаат на листата со „критични“ земји.

Како што наведоа од “ECDC”, моментално најкритична е ситуацијата во Чешка со 167,6 заразени на 100 илјади жители, Холандија со 140,3 и Франција со 120,3.

Од Центарот предупредуваат дека во многу земји е забележан пораст на бројот на починати. Од таму соопштија дека многу земји веќе донеле одлуки за заострување на мерките со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Париз е на чекор од целосен карантин, Чешка воведе вонредна состојба, а одредени делови на Берлин веќе се означени како исклучително ризични. Истовремено, Велика Британија има проблем со статистиката, а тамошните власти признаа дека илјадници случаи не се регистрирани поради технички проблеми.

Неодамна големи ограничувања беа воведени и во МадридИрска предложи воведување на ригорозни мерки, а исландските власти донесоа одлука за затворање на клубовите, баровите, казината и теретаните, како и групирање на повеќе од 20 луѓе.